Сомови
Сомовите, обично се долги од 1.3-1.6 м и тешки 15-20 кг, иако во минатото биле ловени и многу поголеми примероци. Најчесто живеат при дното на големи, бавни реки и во езера. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата. Околу устата имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната. Кожата им е мазна и не заштитена со крлушки, а препознатливи се и по малата и мошне долга подопашна перка.Видот им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.
No comments:
Post a Comment